Адвокатските „волци“ тријат раце – ќе се крчмат милијардите на Безос


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Откако беше официјално објавено и потврдено и од страна на Џеф Безос и Мекензи дека на нивниот брак му дојде крајот и тие ќе се разведуваат, прво прашање кое ги запали и медиумите, но и адвокатсата фела е како ќе се „крчмат“ 136 милијарди долари на колку што се проценува богатството од милијардерот.

Безос и неговата сопруга Мекензи се чини дека немаат предбрачен договор , така што судот ќе има полни раце работа, а адвокатите уште сега се радуваат. Мекензи го запознала Џеф уште пред дас е збогати, така што според правните експерти извесно е дека при разводот таа би можекла да добие голем дел од сопственичкиот капитал на компанијата Amazon. Тие се запознале во 1992, а Мекензи била покрај Безос уште од почетоците на Amazon во 1994, кога работеле во скромна гаража.

Заедно имаат четири деца, три сина и една посвоена ќерка. Мекензи (48) , која инаку е издавач , по разводот би можела да стане најбогата жена на светот.

Џеф Безос , кој беше главен акционер на Amazon, сега поседува 16 % од компанијата , што според берзанската вредност на акциите вчера, изнесува околу 130 милијарди долари.

Најавата за развод не влијаеше на акциите на компанијата на Вол Стрит. Адвокатот Рендал Кеслер , од адвокатската компанија , која работи за Амазон , вели дека доколку двајцата не се договорат , тоа би можело да влијае на вредноста на компанијата.

„Треба да се најде начин како на Мекензи да и се исплати соодветен дел , а тоа да не влијае на компанијата.” , вели адвокатот и додава дека доколку не се договорат , тогаш ќе има долга и мачна парница во која само адвокатите ќе заработат.

Веднаш по објавата за развод, излезе информацијата дека Џеф Безос е во страствена врска со сопругата на моќниот холивудски ловец на таленти, Патрик Вајтсел, телевизиската водителка и новинарка Лорин Санчез.

Нивната врска почнала пред околу осум месеци.