Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Адвокатот и бивш судија Владимир Туфегџиќ тврди дека нотарските изјави што ги потпишаа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се ништовни и не произведуваат правно дејство, пренесува Фокус.
„Не знам кој ве советува во однос на изјавите што ги заверувате на нотар, но знам дека советникот требало да ви каже дека таквите изјави се ништовни од причина што во изјавата е содржано неуставното име на државата и не може да произведе правно дејство ниту спрема државата ниту спрема давателот на изјавата. Со оглед на содржината на изјавата се поставува прашање за правниот основ за заверка кај надлежен нотар бидејќи дел од содржината е во директна спротивност со Уставот“, напиша Туфегџиќ на фејсбук.
Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обелодени дека пратениците на опозицијата со нотарски изјави гарантирале дека нема да гласаат за уставни промени согласно францускиот предлог, а дел од пратениците ги објавија изјавите.