Адвокатот на обвинетиот Панделески во „Империја“ ја придружува Јанева на распит за „Рекет“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иако засега има статус на сведок и во такво својство е повикана, на денешниот распит на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, закажан во 10 часот кај обвинителката одговорна за случајот „Рекет“, Вилма Русковска, Јанева се појави во присуствона адвокат, пренесува Фокус.

Јанева до обвинителството ја донесе возач, а пред вратат ја чекаше адвокатот Стеван Павлески, кој е и поранешен јавен обвинител.

Значајно е што Павлески е адвокат и на бизнисменот Цветан Панделески кој заедно со Орце Камчев е осомничен во случајот „Империја“’. И Панделевски, исто како и Камчев доби времен пасош, со потпис на Јанева, а без согласност на обвинителката Лиле Стефанова.