Адвокатот на доктор Јовев најави тужба за министерот Меџити: Решението за разрешување е навреда за здравиот разум


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Мите Михајловски, адвокат на разрешениот директор на Клиниката за кардиохирургија во скопскиот Клинички центар, кардиохирургот Сашко Јовев,откри дека решението за разрешување било навреда за здравиот разум на сите и затоа ќе следи тужба за министерот за здравство, Фатмир Меџити.

– Решението е навреда за здравиот разум на сите нас. Во него стои дека има исплатни листи за дежурства, а дежурството не го одобрил министерот за здравство. Замислите доаѓа некоја со итна потреба на клиниката, портиртот да му рече „извинете дојдете утре, немаме дежурен лекар, не одобри министерот“.

Злоупотреба е од министерот ако не дал согласност да се организира дежурство. Нема причина за разрешувањето. Да, ќе следи тужба, ова не може да помине вака. Имам еден апел до колегите на професорот Јовев. Ако не се обединат сега, втора шанса нема да има – рече Михајловски.

Јовев пак истакна дека бил поддржан од коалицискиот парнер на ДУИ и на Алтернатива, СДСМ иако не бил никогаш партиски кадар, а имал и поддршка од заменик-министерката Маја Манолева. Не смета дека е жртва на политички реваншизам.

– Самата партија сериозно застана на моја страна. Јас сметам дека не сум жртва на политички реваншизам. Иницијалната каписла не е политика, туку може да не недоразбирање, суета – истакна Јовев.