Адвокатот Еленко Миланов: „Груевски ми се јави од Будимпешта кога го објави статусот на Фејсбук“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На неговото синоќешно гостување на Телма телевизија, еден од правните застапници на Никола Груевски, адвокатот Еленко Миланов, откри дека избеганиот бивш премиер кој се гони за одлежување на правосилна пресуда за казна затвор, истиот ден кога го објави на Фејсбук статусот дека побарал политички азил во Унгарија му се јавил и му кажал дека е во Будимпешта и дека ќе го застапува во сите судски предмети што се водат против него.

„Денот кога излезе на Фејсубк неговата објава каде се наоѓа, доцна вечерта добив повик од Груевски“, рече Миланов и додаде дека телефонски повик од Груевски добиле сите од неговиот адвокатски тим.

Груевски го побарал Миланов од странски телефонски број за кој, како што нагласи адвокатот, им е познат и на македонските власти.

„Ви гарантирам дека го имаат бројот. Она што го има како комуникација во мојот телефон, веројатно го имаат. Сигурно го имаат и тоа не од мојот телефон туку од еден куп други информации што верувам дека нашите служби можат да го обезбедат“, рече Миланов.

Адвокатот и Груевски имале уште една комуникација со пораки за правни прашања. За азилот не разговарале.