Адвокатката Фрчкоска побара укинување на притворот за Јанева – гаранција е недвижниот имот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Правниот застапник на бившата специјална јавна обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јанева, адвокатката Ирена Фрчковска, поднесе барање до судот за укинување на мерката притвор за нејзината клиентка. Одлуката за барањето ја очекуваат до петок, кога истекува 30-дневната мерка притвор.

„Отпаднати се основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка, не мора да се оди со најстрогата по закон. Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрежување од СЈО и од ОЈО Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлулка ќе донесе Судот“, изјави Фрчковска.

Таа посочи дека бараат Катица Јанева да се брани од слобода, за што предложиле и други мерки за обезбедување, како и гаранција во недвижен имот.