Адвокатите на Катица Јанева го одложија денешното рочиште за „Рекет“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Отсуството во судницата на адвокатскиот тим кој ја застапува бившата обвинителка и шефица на СЈО, Катица Јаенва, го одложи денешното судско рочиште за случајот „Рекет“. Дељо Кадиев најавил отсуство поради болест, а исто известување до судот доставила и Ирена Фрчковска, пренесува Фокус.

-На 15 јануари е стигнато барање за одлагање, бидејќи адвокатот Кадиев е на болничко лекување. Денеска стигна барање и од адвокат Ирена Фрчковска исто така за одлагање, која исто така била болна, но за разлика од Кадиев, нема доставено документација, рече судијката Васка Николовска Масевска.

На денешното рочиште требаше да сведочи обвинителката Лиле Стефанова. Наредното рочиште е одложено за во четврток.