Адвокат се изнервира и порача: Ако некој мисли дека би бил подобар со Фенер – одам во пензија!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тешки времиња преживуваат фудбалерите, но и стручниот штаб на Фенербахче. Не само што поради ужасната скршеница на рака останаа без бразилскиот напаѓач Фернандао, туку беа доживеаја пораз и на домашен терен со што практично беа исфрлени од трката за титулата шампион на Турција.

Долго време Фенербахче не се наоѓал во ситуација трета година по ред да им гледа на другите тимови во грб, но оваа сезона истанбулскиот клуб речиси и да не дојде до шанса да се бори за пехарот. А многумина како виновник за ваквата состојба го наоѓаат тренерот Дик Адвокат, кој повторно се најде на мета на критичарите. Но, овој пат Адвокат навистина полуде поради обвинувањата и се закани со заминување од клубот.

„Ја прифаќам вината за поразот и тоа веќе го споделив со луѓето од управата. Си одам на крајот од сезоната. Не само што си одам од клубот, туку одам во пензија“, порача Дик, додавајќи:

„Критиките се составен дел од фудбалот, немам проблем со тоа. Морам да кажам дека не беше лесно да се работи како тренер. Дојдов во Фенер многу касно, а при тоа не најдов балансиран играчки кадар. Ако некој мисли дека во таква ситуација би одработил подобро од мене, си одам. Не сум овде поради себе, туку поради клубот. Имам добар однос со управата. И тоа најискрено го кажувам“.

Една од причините за бројните критики упатени до Адвокат е физичката подготвеност на играчите, за која аналитичарите сметаат дека не е на задоволително ниво.

„Јас сум виновен, но не за физичката спремност на играчите. Не е во тоа проблемот. Знам што е проблемот. Новинари, ве почитувам многу, но немам намера вас да ви го објаснувам тоа“, заврши вознемирениот Холанѓанец.