Спорт

Адријана Поп Арсова на маратонот во Ајнтховен го собори македонскиот рекорд

Адријана Поп Арсова, членка на Атлетскиот Клуб “Делта“, оваа година изненади со својот настап на Виз Ер Скопски маратон и на 28 години таа продолжува со нејзиното темпо.

На 14-ти октомври на маратонот во Ајнтховен, Холандија, Поп Арсова постави нов Македонски рекорд во маратон, со резултат од 3:00:44 часа (чип/нето време од 3:00:37).

„Немав некои потешкотии во текот на трката, освен тоа што првите 21км ги поминав пребрзо и имав мала криза на 25км, и искрено мислам дека крајниот резултат ќе беше подобар тоа да не се случеше. Но, тоа е искуство плус за мене за следниот маратон, задоволна сум и со ова остварување во овој момент. Маратонот е мојата омилена дисциплина баш заради тежината и неизвесноста која ја носи. Сега во следниот период малку ќе одморам, па потоа ќе ги планирам кој ќе биде мојот следен маратон на кој ќе се обидам и да се симнам под границата од 3 часа“, истакна Поп Арсова.

Претходниот рекорд во Македонија беше поставен од Адријана во мај. Километрите по улиците на Скопје ги истрча со време од 3:05:04 и со тоа го освои бронзениот медал во женска конкуренција. Поп Арсова го држи и Македонскиот рекорд во полумаратон и рекордот на 10КМ, кој неодамна го постави на Скопје Трча 10КМ.

Loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top