Адриано пронајде излез од тешкиот животен хаос!


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Некогаш беше еден од најдобрите напаѓачи на светот за кого ниту една одбрана немаше адекватно решение. Силата, дриблингот и разорниот шут го правеа вистински Император, но неговите славни денови веќе одамна поминаа.

Покрај фудбалот, го сакаше и кокаинот, нездравиот живот и лудување по ноќни клубови, а сето тоа го присили предвреме да ја заврши фудбалската кариера.

Ги потроши сите милиони кои ги заработи како играч на Интер и Рома, а денес живее во еден од најозогласените фавели во Рио де Женеиро.

Меѓутоа, судејќи по неговиот Твитер профил, Адриано сигурно пронашол спас, па неговата историја со дрога, алкохол и нарко картелите е минато.

Имено, Бразилецот го пронајде спасот во Бог, верата и религијата. Неговиот Твитер е преполно со благодарности кон Бог со чија помош доживеал просветлување.