Адреналин „до даска“: Возење велоспиед по снег какво немате видено (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фабио Вибмер, ѕезда на планинскиот велосипедизам и YouTube сензација од Австрија, во своето најново видео Fabiolus Escape 2 со велосипедски авантури и адреналин.

Вибмер го раздрма светот на планинскиот велосипедизам со своите фантастични видеа: Urban Freeride Lives во Салцбург, Urban Freeride Lives во Виена, снимката со возење по ограда на 200 метри висина и серијалот SickSeries.

За да ја одбележи бројката од еден милион претплатници на неговиот YouTube канал, Фабио за време на гостувањето во живо на Фејсбук страницата Red Bull Bike го објави вториот дел од своето Fabiolus Escape видео, пригодно наречено Fabiolus Escape 2.

Видеото е снимано 24 дена на прекрасните планини кај Салбах (Австрија), а на истото Фабио прикажува адреналински и бесни потфати и подвизи со својот велосипед.