Adidas загуби на суд – логото со трите ленти прогласено за невалидно


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Судот на Европската унија во судското рочиште на Shoe Branding Europe против Adidas, поврзано со еден од симболите на производителот на спортска опрема, го прогласи за неважечко логото со три ленти на гигантот за спортска опрема, со образложение дека тоа не стекнало „специфичен карактер“.

Судот нагласува дека компанијата ја докажала употребата на трговската марка во пет земји на ЕУ, но не и во целиот блок. Adidas може да поднесе жалба на одлуката.

Со ова судот ја потврдува одлуката на Канцеларијата на ЕУ за интелектуална сопственост од 2016 година, со која се поништува претходната одлука на Канцеларијата за прифаќање на трговската марка за заштитена, прецизира Ројтерс.

Новинската агенција потсетува дека компанијата ја регистрирала трговската марка во 2014 година, а ја опиша како три паралелни еквивалентни ленти со еднаква ширина и се однесува на производи во која и да е насока.

„Решението не влијае на нашата можност да ги користиме и заштитиме трите ленти“, вели портпаролот на Adidas.

„Иако сме разочарани од одлуката, ние го цениме и поздравуваме судот кој ни даде корисни насоки за заштита на нашиот бренд со 3 ленти, прикажан на нашите производи во каков и да е правец во иднина“ – велат од Adidas.

Трговската марка е оспорена од белгиската компанија Shoe Branding Europe, со која Adidas долго време има трговски спорови. Во минатата година Судот на ЕУ го прогласи за неважечко и логото на Shoe Branding, кое се состоеше од две ленти, со образложение дека е слично со тоа на Adidas.