Адеми: Со гордост го носам македонскиот дрес!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерот на Динамо Загреб и македонски репрезентативец, Аријан Адеми во интервју за хрватските медиуми изјави дека е горд што игра за Македонија.

Адеми имаше можност да игра за хрватската репрезентација, но ја избра Македонија.

„Имам голема поврзаност со Македонија. Од семејните корени, па со ден денес, кога со гордост го носам македонскиот дрес. Кога ја избрав Македонија за репрезентација бев свесен за својот избор и нема враќање назад. Можам да кажам дека не жалам за своите одлуки. Секогаш сум среќен и со голема радост доаѓам на репрезентативните собири во Скопје“, изјави Адеми за „Јутарњи“.

Адеми после суспензијата повторно игра на високо ниво и ова лето многу европски клубови беа заинтересирани за неговиот потпис.