Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец и бивши капитен на Динамо Загреб, Аријан Адеми денес ќе го одработи првиот тренинг со тимот после скоро две години.
Адеми беше суспендиран поради позитивен допинг тест после натпреварот со Арсенал во Лигата на шампиони. Првичната казна од четири години му беше намалена на две од страна на Соптскиот арбитражен суд, што значи дека во октомври ќе може да се врати на терен, а пред тоа може да започне да тренира со тимот.
„Изгубив две години од кариерата, можеби и најдобрите играчки години, и тоа никој не може да ми го врати. Меѓутоа, не размисливам повеќе за тоа, тоа може да ме убие, гледам само во иднината. Фудбалски загубив многу, но пораснав како човек и ме задоволуваат некои други работи во животот“.
„Едноставно си поставуваш поинакви цели, цениш некои ситници кои порано не си ги ценел. Меѓутоа, сето ова не ме уби, туку само ме засврсти. Запознав нови луѓе, нови пријатели, созреав како човек и тоа на крајот е најголема добивка“, изјави Адеми.