Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Во рамки од второто квалификациско коло за групната фаза од Лигата на шампионите, синоќа во Скопје се сретнаа екипите на Шкупи и Динамо Загреб.
Динамо Загреб уште пред првиот натпревар важеше за фаворит, но македонскиот шампион прво на „Максимир“ каде одигра 2:2 покажа дека нема лесно да се предаде, а и вчера во реваншот чирчани одново покажаа дека можат да се надигруваат.
Мечот започна мирно и двете екипи беа повеќе претпазливи кон својот гол. Првата посериозна прилика ја имаше Динамо Загреб кога после еден корнер одлично интервенираше голманот Наумовски. Веднаш на спротивната страна Шкупи возврати со удар од далечина на Адентуџи.
Следната голема шанса повторно беше пред голот на Наумовски кој и овој пат по една мешаница излезе како победник. Но, во продолжение од полувремето Шкупи создаде две супер прилики. Прво Хамиди си создаде простор за удар некаде кон средината на полувремето, неговиот удар одеше директно во рацете на Ливаковиќ.
Најголемата прилика за гол Шкупи ја имаше во 40 минута кога Цепхас се најде во добра прилика од десната страна, шутираше, а неговиот удар заврши покрај голот. Покрај овие поголеми прилики, видовме и уште по некоја полушанса на двете страни.
Клучните минути во кои беше решен натпреварот беа стартните во второто полувреме. Тука Динмо додаде гас и ја „фати“ одбраната на Шкупи „на спиење“.
После само 60 секунди игра Адеми остана сам во шеснаесетникот по едно нафрлување, а тоа играч каков што е тој знаеше да го казни и го матираше Наумовски. Само минута подоцна уште еднаш се затресе мрежата на Шкупи, но тој гол беше поништен поради офсајд позиција.
Не запре Динамо и тука, создаде уште една 100% прилика, меѓутоа немаше реализација. Во продолжение гледавме слична игра како и во првото полувреме, но со помалку возбудувања пред гостинскиот гол.
Во следното коло од Лигата на шампионите Динамо ќе се сретне со екипата бугарски Лудогорец, а Шкупи од на двомеч во квалификациите од Лигата на Европа против Шамрок.