Адел со насловната од „Вог“ постигна нешто кое ниту една друга славна личност го нема направено досега


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Славната пејачка Адел позираше за насловната страница на модниот магазин „Вог“. Daily Mail пишува дека пејачката е првата славна личност што се појавила на насловната страница и на британското и на американското издание на списанието.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Во жолт фустан Адел позираше за британското издание на списанието, а во зелен за американското издание. За фотографиите објавени заедно со нејзиното интервју, таа носела елегантна кошула и јакна. Меѓу другото, таа позира и во тесен црн фустан. За фотографиите од насловната, Адел доби повеќе од три милиони лајкови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Adele (@adele)

Во интервјуто за „Вог“, таа зборува за слабеењето во текот на изминатите две години.

„Не сакав само да ослабам, сакав да станам силна. Вежбам два или три пати на ден”, рекла Адел. Таа зборувала и за разводот од Сајмон Конецки и признава дека го напуштила затоа што не била толку среќна во тој брак како порано.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by British Vogue (@britishvogue)

„Ништо лошо не се случи, едноставно повеќе не ми одговараше. Би била мизерна ако не се ставам себеси на прво место”, рекла пејачката, за првпат допирајќи ја досегашната љубовна врска со спортскиот агент Рич Пол.

„Тој е толку забавен и паметен. Момците со кои бев порано го мразеа вниманието кога излегуваа во јавност со мене, беа под стрес. На Рич не му е грижа, не се лути”, рекла Адел.

Инаку, Адел неодамна објави тизер за новата песна наречена Easy On Me која треба да излезе на 15 -ти октомври. Фановите на пејачката се воодушевени и очекуваат оваа песна да биде хит.