АДА – нов владин дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од денеска во склоп на државната администрација е пуштен во функција првиот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција „АДА“, креиран од домашната стартап компанија „Кодвел“.

„АДА“ 24 часа седум дена во неделата ќе биде на располагање на на домашните компании и странските инвеститори и ќе може да одговори на прашања поврзани со условите за инвестирање во Северна Македонија и државата помош. „АДА“ е прв асистент од овој тип базиран на вештачка интелигенција во давата но и во регионот.

„Го исклучуваме влијанието на човечкиот фактор, можноста за грешки и за коруптивни практики. Водени од оваа идеја, за поздравување е воведувањето на АДА-првиот дигитален асистент за јавни услуги во давањето јавни услуги, со што ги надоградуваме нашите практики за дигитализација во општеството“, рече премиерот Ковачевски.

Идејата за асистент базиран на вештачка интелигенција се јавила по забелешките во извештајот на американскиот Стејт департмент каде биле нотирани забелешки околу начинот на делење на државна помош и поддршка на инвестиции со напомена дека транспарентоноста е клучна за сузбивање на корупцијата. За вицепремиерот Битиќи ова е еден од клучните проекти за граѓаните и бизнис секторот и е материјализирање на протребата за промена и премин кон дигитализацијата.

„„АДА“ за разлика од озборувањата дека јавниот сектор не е ефикасен ќе биде достапна 24/7. Ќе може да опслужува неограничен број на корисиници истовремено, без непотребно префрлување од иституција во институција и сите ќе добиваат исти информации што е клучно за да се отстрани просторот за манипулација со информациите“, изјави Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Од стартап компанијата „Кодвел“ која е креатор на „АДА“ велат дека дигиталниот асистент е исто како да се има пристап до најдобриот работник на шалтер и може да ве услужи за се што е поврзано со дадената институција во рамки на негово знење, а потенцијалот на АДА е огромен иако почетокот е скромен.

„АДА“ вусшност е дигитален асистен креиран со „кодвел АИ“ технологијата со која овозможуваме креирање на дигитални вработени кои се истренирани како експерти на затворен домен на знаење и кои се истренирани да автоматизираат масовна комуникација со крајните корисници. Ваквите дигитални асистенти се во можност да пружаат природна комуникација со крајните коирсници налик на онаа со реален човек“, рече Нино Карас од компанија „Кодвел“

АДА ќе функционира на три јазици македонски, албански и англиски како и на сите популарни социјални мрежи и официјалните веб страници на институциите