Абрамович протеран од Велика Британија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Рускиот олигарх и сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамович добил забрана за престој во Велика Британија после руската воена офанзива над Украина, пренесуваат медиумите на Островот.

Абрамович во претходните години беше на Суд затоа што не смееше да влезе на територијата на која се наоѓа неговиот тим Челзи.

Пред една година беше решено Абрамович да добие виза, но ситуацијата се искомплицира дополнително по рускиот напад врз Украина.

„Дејли Мејл“ објави дека Велика Британија повторно забрани влез на Абрамович во државата, поради тоа што тој соработувал со претседателот Владимир Путин.

Медиумите тврдат дека Абрамович повеќе никогаш нема да може да живее во Лондон. Според овие извори, тој неколку месеци не бил на „Стенфорд Бриџ“, бидејќи знаел што се подготвува.