Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович ќе мора лично да интервенира за да се реши ситуацијата помеѓу тренерот Конте и Диего Коста, кој сака да се пресели во Кина.
Во изминатите денови се зборува за тензии меѓу менаџерот Антонио Конте и напаѓачот Диего Коста, кој беше изоставен за дуелот со Лестер.
Италијанскиот стратег како причина за тоа наведе повреда на шпанскиот напаѓач, но англиските медиуми тврдат дека вистинската причина е поради судирот кој го имаа Конте и Коста изминатава недела. Веднаш почнаа и шпекулациите за заминување на Коста, и тоа за огромни пари, во некој од кинеските клубови.
Сопственикот Абрамович сепак е решен да го задржи во тимот и во наредните денови претстои состанок Кошта-Конте-Абрамович, на кој проблемот треба да се реши.
Во исто време во Англија шпекулираат дека „сините“ го избрале Хари Кејн за заменик на Коста и дури понудиле 75 милиони фунти за напаѓачот на Тотенхем.