Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
ABC вели дека телевизиската серија „Вовед во анатомија“ сè уште има што да понуди и најави дека лекарската ТВ-драма ќе се врати и со 18-та сезона.
„Станица 19“, чија приказна се испреплетува со „Вовед во анатомија“, исто така, ќе се врати – со својата петта сезона.
– „Станица 19“ и „Вовед во анатомија“ завршија одлична работа во чест на нашите херои од вистинскиот живот, раскажувајќи ѝ ја на публиката една од најголемите лекарски приказни во нашето време, соопшти претседателот на „Хулу Оригиналс“ и „Еј-би-си“, Крег Ервиќ.
Според продукцијата, „Вовед во анатомија“ била омилена меѓу населението на возраст од 18-49 години во телевизиската сезона 2020/2021.