Абази и другите двајца ранети во кичевската престрелка во стабилна состојба


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Носителот на независна листа советници во Кичево Алит Абази кој беше најтешко ранет во вчерашниот вооружен инцидент во Кичево, бил опериран и е во стабилна состојба.

Покрај него, ранети се и шефот на неговиот изборен штаб Дестан Абдиу и Шабан Далипи, кои исто така се во болница.

Кон тројцата пукал 58 годишниот А.А. од Кичево.

Полицијата веднаш по инцидентот го привела напаѓачот А.А. Според првичните сознанија, мотив за нападот се меѓусебни нерасчистени недоразбирања за кои се водела и судска постапка.

За денеска се најавени повеќе детали.