Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Сторми Даниелс, порно актерката која ја потресе американската јавност со нејзината (наводна) секс афера со сегашниот претседател Доналд Трамп, беше гостинка во шоуто Saturday Night Live, да биде дел од епизодата преполна со ѕвезди што се исмеваат со претседателот Трамп, вели Ролингстоун, а Бен Стилер ја повтори својата улога како адвокатот Мајкл Коен.
Во скечот потоа настапуваат Алек Болдвин како Трамп, Мартин Шорт, Скарлет Јохансон и Џими Фалон, а сето тоа завршува со муабет меѓу Даниелс и Болдвин.
„Ги решив Северна и Јужна Кореја, но можам ли да нè решам нас?“, праша тој.
„Извини Доналд, премногу е доцна за тоа. Знам дека не веруваш во климатските промени, ама иде бура, бејби“, рече Даниелс (storm = бура).