Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Патник, за кој се верува дека потекнува од САД, споделил видео од немирно дете за време на осумчасовниот лет, додека скока на масичката вградена на задниот дел од седиштето.
Патникот на предното седиште го игнорира метежот и покрај тоа што неговото седиште се ниша од скокањето на детето. Видеото збеснало многумина.
„Би се чувствувал како пропаднат родител доколку моите деца го прават ова, а јас не реагирам“, напишала една личност.
„Моите родители би ме исфрлиле од авионот среде лет“, додал друг.
“Никогаш не би дозволил ова да им се случи на децата. Погласно зборување или плачење е едно, но скокањето по масички е друго. Целосно неприфатливо и неодговорно од родител”, рекол трет.