Започна тетарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Со претставата „Име“ во режија на Ненни Демлестре на театар „Комедија“ и со традиционалното врачување на наградите за животно дело, во петокот вечерта во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп започна 51-от Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

„Фестивалот го помина првото петдецениско постоење и годинава зачекоривме во второто петдецениско живеење на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Направив селекција од 12 претстави во официјалната конкуренција за награди и се раководев само од квалитетот што го нудат македонските професионални театри. А македонскиот театар постојано бележи нагорна линија и според квалитет и квантитет, зашто сите ансамбли се обновени со млади актери и творци, истакна претседателот на Собранието на фестивалот и селектор Петар Темелковски.

13.06vojdan2
Сите осум фестивалски дена ќе биде понудена богата програма. Освен 12 претстави во официјална конкуренција има и 10-тина претстави во придружната програма. Ќе бидат организирани и изложби и промоции на драмски текстови што се наградени од Министерството за култура, како и полноќни претстави за сите генерации.

Според градоначалникот Марјан Ристески: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ претставува голема потврда дека трајните вредности и нивното негување се од особен интерес за градот Прилеп, за Министерството за култура, за Република Македонија. Токму затоа градот Прилеп претставува епицентар во кој се случуваат културни збиднувања и настани носејќи го космополитскиот дух на уметноста, а за тоа најмногу придонесува овој фестивал на театарот“.

13.06vojdan3
Годинашни добитници за животно дело се: театарскиот критичар Лилјана Мазова, како и актерите Илијаме Билјали од Албанскиот театар и Сабина Ајрула од Драмскиот театар од Скопје. Идниот петок, Македонската опера и балет за првпат на фестивалот ќе ја изведе операта „Кармина Бурана“ во чест на наградените.

Покровители на фестивалот се Министерството за култура и градот Прилеп.

Пред почетокот на фестивалот љубителите на ликовната уметност имаа можност да присуствувват на отварање на изложбите на Владимир Темков и Атанас Ботев.