Откриена нова слика на фламанскиот мајстор Хиерониумс Бош


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најголемата досега организирана изложба на дела од ранофламанскиот ликовен мајстор Хиеронимус Бош, која за две недели ќе биде отворена во родниот град на Бош во Холандија, сега ќе биде уште позбогатена.

Имено, истражувачите од Bosch Research and Conservation Project (BRCP) на вештите раце од фламанскиот мајстор им припиша уште една уметничка слика, која претходно беше класифицирана како дело на негов ученик или следбеник.

3.2.bosch

Станува збор за сликата „Искушението на Свети Антониј“ (цирка 1500-1510 година), која беше „откриена“ во Канзас, како сопственост на  Nelson-Atkins Museum of Art.

„Искушението на Свети Антониј“ е 15 инчи висока и 10 инчи широка ликовна творба, која всушност претставува само фрагмент од нешто кое било централен панел од триптих кој подоцна бил раздвоен.