Home Вебкафе Археолозите пронајдоа 250 години стари переци

Археолозите пронајдоа 250 години стари переци

Германски археолози пронајдоа 250 години стари грицки, за време на ископувањата во баварскиот град Регенсбург.

„Гарантирам дека овие се најстарите пронајдени переци досега“, изјави Силвиа Кодрено-Виндауер, од баварскиот државен институт за конзервација.

Освен переците, археолозите ископаа и јагленосани пецива и кроасани. „Навистина е посебно да пронајдете нешто кое го отсликува секојдневието од тој период“, изјави градоначалникот на Регенсбург, Јоаким Волбергс.

Наоѓалиштето во Регенсбург, сместено покрај Дунав, е наоѓалиште на „археолошко богатство“ со години наназад. На истото место беа пронајдени дрвена куќарка стара 1.200 години и остатоци од средновековно дрвено шеталиште до реката.

Вчитај повеќе поврзани статии

Check Also

6 причини зошто мажите полесно си го живеат животот од жените

6 ПРИЧИНИ ЗОШТО МАЖИТЕ ИМААТ ПОЕДНОСТАВЕН ЖИВОТ ОД ЖЕНИТЕ Не е тајна дека мажите и жените …