Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Принцот „спие“ веднаш до својата кола, опкружен со вредни предмети како голем сад за мешање на вино, пехар на кој е претставен Дионис и други вредни предмети кои како да се подготвени за почеток на банкет.
ИНРАП работи на археолошкото наоѓалиште од почетокот на октомври и до крајот на март годинава, кога на ова место ќе продолжат градежните зафати.
Келтската гробница која потекнува од крајот на Првата железна епоха (периодот Халстат) се наоѓа во занаетчиската и трговската зона на Лаво. Во центарот на тумулусот (тумба над гробницата) со дијаметар од 40 метри, погребаниот чиј скелет се уште не е изваден почива во просторија од 14 метри квадратни, што е огромен простор. Гробницата е заштитена со заштитен ров.
Според претседателот на ИНРАП, Доминик Гарсиа најверојатно се работи за локален келтски принц. археолозите мислат дека станува збор за маж, бидејќи е пронајден голем нож во неговата ножница. Во една блиска гробница е пронајден скелет на жена. Таа гробница е постара од таа на „принцот“, а не се исклучува можноста дека биле во роднински врски.
Квалитетот на пронајдените предмети зборува за постоењето на трговска размена и врски меѓу Средоземното Море и Келтите, подвлекува Доминик Гарсиа. Крајот на VI и почетокот на V век п.н.е. беше одбележан со економскиот развој на етрурскиte градови-држави и грчките градови на Запад, меѓу кои на пример Марсеј. Во потрага на робови, на метал и на скапоцени руди, средозeмените трговци влегоа во контакт со континенталните келтски заедници.
Користејќи ги природните патишта како текот на реките Сена, Рона, Сона, Рајна, Дунав, келтите извлекоа профит од таа трговска размена и се стекнаа со бројни престижни богатства, еден вид „дипломатски подароци“, според претседателот на ИНРАП, Гарсиа.
Гробницата од Лаво сега станува дел од листата на другите монументални гробници од тој период откриени во Западна Европа, како Хошдорф во Германија или Викс во Бургундија (Франција).