Home Мода и убавина Испланиравте велигденско патување? Дознајте стилски совети за најудобен изглед!

Испланиравте велигденско патување? Дознајте стилски совети за најудобен изглед!

ДАЛИ ГО ИСПЛАНИРАВТЕ ВАШЕТО ВЕЛИГДЕНСКО ПАТУВАЊЕ? ОТКРИЈТЕ СТИЛСКИ СОВЕТИ ЗА НАЈУДОБЕН ИЗГЛЕД!

Ако го сакате пролетното време и кратките излети, тогаш Велигден е совршена прилика да организирате патување – без разлика дали се работи за блиска или подалечна дестинација.

Освен важните делови од организацијата како што се каде ќе престојувате, колку денови ќе ве има и целата логистика, важно е да размислите и за тоа што ќе облечете. Комфорот треба да ви биде приоритет, а истовремено секогаш има место за добар стил. Следните совети ќе ви помогнат да изгледате убаво и да се чувствувате пријатно додека патувате.

1. Организација на торбата е клучна

Еден од најважните совети што можеме да ви ги дадеме е паметно да ја организирате торбата што ќе ја носите со себе за време на патувањето. Изберете голема и практична ташна или ранец во кој ќе ги соберете вашите лични предмети — паричник, слушалки, полнач за телефон, несесер за хигиенски производи, како и сите документи кои ви се потребни, како лична карта, билети и други важни работи за патувањето.

2. Изборот на облека за патување

Најважно е да се чувствувате удобно. Без размислување облечете ги вашите омилени фармерки, комбинезон или тренерка која ви дава чувство на слобода. Избегнувајте тесна или некомотна облека што може да ви го уништи уживањето во патувањето.

3. Избор на обувки

Без разлика дали патувате со авион, воз, автомобил или автобус – секогаш е подобро да се одлучите за рамни чевли. Патики, балетанки или удобни еспадрили се совршен избор за секој патен изглед.

4. Не заборавајте јакна

Временските услови се менуваат, особено додека патувате на различни локации. Затоа секогаш понесете лесна јакна со вас – можеби нема веднаш да ви треба, но подобро да ја имате при рака.

Во продолжение погледнете неколку лежерни стајлинзи кои се одлична инспирација за велигденски патувања:

(Следат Инстаграм објави од модни инфлуенсерки со идеи за патни комбинации)

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Викторија Бекам ја претстави својата колекција на луксузни четки за шминкање

Викторија Бекам, икона на стилот и основачка на брендот Victoria Beckham Beauty, отвора но…