
Не е тајна дека познатите личности се вечна инспирација кога станува збор за нега на кожата.
За среќа, во изминатите неколку години почнаа сè поотворено да зборуваат за естетските корекции кои ги прават. Едно е сигурно – тие имаат пристап до најлуксузните третмани и можат да си го дозволат најдоброто што индустријата за убавина го нуди, па затоа и нивните резултати се разликуваат. А најновиот тренд кој го освои Холивуд е таканаречениот „неприметен“ лифтинг на лицето.
Заборавете на драматичните фејслифтинзи кои ги менуваат цртите на лицето. Новиот тренд е подискретен – ја затега кожата и го подмладува лицето, но на начин кој не е очигледен. Токму како што „no makeup makeup“ изгледот дава освежен изглед без видливи трагoви на шминка, така и „неприметниот“ лифтинг ги брише годините од лицето без некој да може да забележи што точно е направено. И не, овој тренд не е резервиран само за Холивуд. За него сè повеќе се зборува меѓу припадниците на Ген З и милениумците.
Ако размислувате да го освежите вашиот изглед, еве сè што треба да знаете за оваа процедура.
Што е „неприметен“ лифтинг на лицето?
Во суштина, „неприметниот“ лифтинг е подобрена верзија на класичниот фејслифт – дава поприроден ефект, подолготрајни резултати и не остава препознатливи траги од хируршка интервенција. Наместо само да се затегне кожата, хирургот ги преместува подлабоките слоеви на лицето и вратот, вклучувајќи го SMAS (суперфицијалниот мускулно-апоневротски систем) и лигаментите.
Резултат? Лицето изгледа подмладено, но на суптилен начин, без неприродна вкочанетост или променети црти.
Кои се идеални кандидати?
Оваа процедура е совршена за оние кои сакаат освежен изглед без очигледни знаци на хируршка интервенција. Погодна е за сите кои ги забележуваат првите знаци на стареење и сакаат подолготрајно решение од филери и неинвазивни третмани.
Колку чини „неприметниот“ лифтинг на лицето?
Цената на оваа процедура воопшто не е ниска. Во зависност од хирургот и клиниката, може да чини меѓу 50.000 и 65.000 долари. Ако со лифтингот на лицето се комбинираат и дополнителни процедури како подигнување на веѓите, горна блефаропластика или лифтинг на усните, цената дополнително расте.
Предности и недостатоци на „неприметниот“ лифтинг
Предности:
Природен ефект – нема „затегнат“ изглед
Долготрајни резултати – подобри од филери и ласери
Ги подобрува контурите на лицето на суптилен начин
Недостатоци:
Периодот на заздравување е подолг – околу 10-14 дена
Првите неколку недели може да има оток и модринки
Комплетното зараснување трае неколку месеци
И покрај тоа, повеќето пациенти се враќаат на секојдневните активности веќе три до четири недели по интервенцијата.
Ако сакате ефект на освежено, но не премногу изменето лице, јасно е зошто „неприметниот“ лифтинг стана новиот холивудски стандард за убавина.