
Ќерката на Драгана Мирковиќ откри нови детали за пејачката
Ќерката на Драгана Мирковиќ уште на самиот почеток им стави до знаење на родителите дека не сака да избира страна.
Вистина е дека далеку повеќе објавува фотографии и видеа со мајка си, но тоа никако не значи дека го запоставува татка си, а особено не неговото семејство, со кое е блиска уште од раѓање.
Тоа најдобро го покажува објавата на Мануета на Инстаграм, во која ја тагирала тетка си Силвија Бијелиќ, со која присуствувала на еден од концертите на мајка ѝ.
Иста таа објава е одговор на прашањето како Драгана денес, две години по разводот, се однесува кон семејството на Тони.
Веројатно сите го забележале фактот дека богатиот бизнисмен не сака да ѝ даде развод на пејачката и на секој начин се обидува да ја понижи.
Тоа, сепак, очигледно нема никаква врска со тоа како неговото семејство ја гледа поранешната снаа.
Судејќи според сè, комуникацијата останала на исто ниво, љубовта и почитта се сè уште присутни.
Да беше поинаку, сестрата на милионерот, и покрај желбата да ги заштити својата внука и внук, немаше јавно да ѝ даде поддршка на снахата.