Најсилниот тренинг за гради со тегови

Најсилниот тренинг за гради со тегови

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многу може да се постигне со неколку тегови и силна волја…

Ништо не придонесува за силен и машки изглед како големите и издлабени гради. Меѓутоа, за дополнително да ги зголемите и зајакнете овие масивни мускули, треба да вежбате сериозен тренинг и добро да ги искинете мускулните влакна за вашите мускули да станат поголеми и посилни.

Иако постојат многу различни тренинзи и вежби кои можете да ги правите за зајакнување на вашите пекторални мускули, решивме да ви го претставиме врвниот тренинг кој ќе ви овозможи да постигнете видливи резултати за 8 недели. Станува збор за тренингот кој го применува фитнес тренерот, Џеф Кавалиер и кој на својот Јутјуб канал демонстрираше кои вежби треба да се прават за правилно активирање на градите.

Овие вежби можете да ги правите секој ден за да го забрзате растот и зајакнувањето на вашите гради. Секако, овие вежби се фокусирани само на тегови, но можете да правите и вежби кои користат други тегови, со цел дополнително да ги оптоварите и зацврстите градите.