Како миењето садови може да помогне во вашата врска

Како миењето садови може да помогне во вашата врска

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вадењето на ѓубрето е смрдено, чистењето со правосмукалка е страшно, чистењето на бањата е уште полошо… но она број еден што може да влијае на вашата врска и да предизвика вистински хаос е миењето на садовите, верувале или не.

Според некои нови извештаи, од сите ужасни домашни работи, миењето садови има најголема веројатност да има негативно влијание врз вашата врска, од една причина: тоа речиси секогаш паѓа на жените.

Во споредба со жените чии партнери им помагаат да ги мијат садовите, жените во врски кои најчесто сами го прават тоа се далеку понезадоволни и често предизвикуваат конфликти. Како што велат некои извештаи, тие имаат и полош сексуален живот. Сепак, паровите кои се менуваат во стилот „Јас готвам, ти миеш садови“ се генерално посреќни од другите.

Зошто садовите имаат такво влијание врз врската? Па, тоа е задача со која се соочувате секој ден и за која тој што го прави не добива никаква пофалба. Исто така, обично ситуацијата е таква што додека жените подготвуваат вечера, перат алишта, чистат дома и на крајот мијат садови, мажите обично седат и се опуштаат, што дефинитивно е поттик за некои многу лоши чувства.

Сè повеќе парови избираат да ги споделат сите домашни работи или да учествуваат во нив заедно, што доведува до значително помалку тепачки, расправии или воопшто лошо однесување. Докажано е дека жените сакаат кога мажите им помагаат низ дома, а миењето на садовите е дефинитивно еден од најлесните начини за тоа.

Сигурни сме дека секоја жена ќе биде благодарна за измиените садови по вечерата, бидејќи после напорниот ден на работа, а потоа и приготвувањето на вечерата, сè што сака е да се опуштат и одморат. Затоа, доколку сакате да бидете среќни и задоволни во бракот или врската, подеднакво поделете ги сите домашни работи со партнерот или правете ги заедно, а можеби тоа ќе ви донесе некои придобивки на сексуално поле.

Кој би помислил дека миењето садови може да донесе хармонија и среќа во бракот или врската.