Пица или житарки – која е подобра опција за појадок

Пица или житарки - која е подобра опција за појадок

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според њујоршкиот нутриционист, Челзи Амер, иако многумина веруваат дека житарките се подобра опција за појадок од парче пица, вистината е сосема поинаква…

Челзи тврди дека повеќето житарки доаѓаат со премногу шеќер, додека парче пица има повеќе масти и помалку шеќер, што ќе не држи сити подолго време и нема да предизвика ненадеен скок на шеќерот во крвта. Исто така, таа нагласува дека овие два вида на храна имаат речиси иста количина на калории:

„Можеби ќе бидете изненадени од фактот дека просечно парче пица и чинија житарки со млеко содржат иста количина на калории. Сепак, пицата содржи многу повеќе протеини, што ќе ви даде многу подолго чувство на ситост, без несакани ефекти кои носат брз скок на шеќерот во крвта после јадење житарки и негово уште побрзо опаѓање“.

Амер, исто така, забележува дека иако пицата по дефиниција не е здрава храна, во споредба со житарките, таа е многу побалансиран оброк.