Јапонски метод за рамен стомак

Јапонски метод за рамен стомак

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јапонскиот актер Риосуке Мики неодамна откри интересен начин како да ја намалите тежината и половината за само неколку недели.

Имал проблеми со грбот и докторот му покажал одредени вежби кои треба да ги прави секој ден. Правејќи ги овие вежби секој ден по околу две минути, набрзо забележал дека масните наслаги на стомакот му се топат.

Риосуке овој метод го нарекува „долг здив“. Во одредена положба, треба да вдишете воздух три секунди, а потоа силно да го издишувате седум секунди. Повеќето европски лекари препорачуваат такви техники на дишење за намалување на телесната тежина бидејќи мастите се составени од кислород, јаглерод и водород. Кога вдишувате повеќе воздух, има повеќе кислород во телото и повеќе масти согорува телото.

  • Застанете исправено и ставете ја едната нога пред другата.
  • Префрлете ја целата телесна тежина на ногата зад вас.
  • Вдишете полека и избројте до три, додека ги кревате рацете над главата
  • Силно издишете седум секунди и затегнете ги сите мускули на телото.

Вежбата треба да ја правите секој ден по две до десет минути. На овој начин ќе ги затегнете мускулите на телото и ќе го подобрите метаболизмот.