Како да издржите две недели пред тестот за бременост?

Како да издржите две недели пред тестот за бременост?

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Секоја жена која очајно сака да остане во друга состојба и не сака да чека ниту еден час пред да дознае дали дошло до зачнување, а камоли две недели.

Тоа е времето кое е неопходно за да може преку тест за бременост да се утврди дали жената е бремена или не. Разбирливо е дека тие две недели може да се чувствуваат како цела вечност и посакувате да имате магично стапче за да го забрзате времето. За жал, не постои такво нешто, но постојат начини како полесно да се поднесе тоа време.

Обидете се да не гледате сè како симптом што укажува на бременост

Во текот на тие две недели кога треба да почекате да направите тест за бременост, несвесно ќе забележите симптоми кои можат да ве убедат дека сте во друга состојба. Сепак, навистина е важно да се спротивставите на гледањето на секој детал за вашето тело како симптом на бременост. Тоа може да ве спаси од непотребно разочарување.

Обидете се да останете активни

Различните видови активности се токму она што може да ви го одвлече умот од тестот за бременост. Сосема е ирелевантно со која активност ќе изберете да се занимавате, се додека тоа ви годи на умот и телото. Дополнително, пожелно е да комбинирате различни активности за да си го завршите денот и секако да ви помине побрзо времето. Можете да правите јога, да трчате, да пливате или да танцувате.

Најдете начин да се опуштите

Еден начин да престанете да се опседнувате дали сте бремени или не е да најдете начин навистина да се опуштите. Нема да ви биде лесно да го постигнете ова, особено ако претходно не сте имале навика да се препуштате и да се релаксирате. Но, кога вашиот ум и тело се опуштени, анксиозноста и нервозата се со помала веројатност да ве заобиколат. Може да пробате медитација, акупунктура, читање книга или длабоко дишење.

Одолејте се на желбата да го направите тестот

Знаете и самите дека постои валидна причина зошто треба да почекате две недели пред да направите тест за бременост. Не боли да ве потсетиме дека ова е неопходен период за резултатите да бидат точни. Ако го направите тестот порано, може да се случи да покаже дека не сте во друга состојба, а всушност реалноста е сосема поинаква. Спасете се од непотребното разочарување.