Може ли жестоката акција во кревет да ја замени теретаната

Може ли жестоката акција во кревет да ја замени теретаната

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Многумина тврдат дека сексот е најдобриот тренинг, но дали е тоа навистина точно?

Сите сме свесни за фактот дека сексот не е лесен потфат и дека по акцијата сме уморни и исцрпени. Секако, ова чувство нè радува и прави да се чувствуваме удобно и опуштено, но дали сексот може да биде замена за тренинзите? На многумина им се допаѓа тоа може бидејќи уморот и потта јасно го докажуваат тоа, додека други тврдат дека тренинзите е едно, а сексот друго.

Сакавме да го најдеме одговорот и успеавме благодарение на научните студии кои се занимаваа со ова прашање.

Научниците тестирале голем број мажи и жени и сакале да утврдат дали сексот води до физички промени како тренингот и дали сексот може да го замени. По многубројните тестови, научниците заклучиле дека сексот може да внесува и голем број калории.

Ако имате секс, за една минута ќе изгубите околу 4-5 калории, што значи дека за еден час ќе потрошите околу 300 калории. Сепак, научниците велат дека сексот не може да се смета за тренинг од едноставна причина што не влијае на мускулатурата и зголемувањето на мускулната маса.

Сексот е најблиску до кардио тренингот, бидејќи придвижува голем дел од мускулите, ја забрзува работата на срцето и доведува до зголемена потрошувачка на калории, па ако сте некој кој мрази кардио тренинг, тогаш сексот е одлична замена. Меѓутоа, доколку сакате да работите на маса, дефиниција и физички изглед, тогаш тренингот во теретана е неизбежен.