Секс во кујна – добрите и лошите страни

Секс во кујна - добрите и лошите страни

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Истражувањата покажаа дека сексот во кујна е фетиш за многу мажи. Велат дека уживаат да го прават тоа во кујната бидејќи тоа е поинакво и диво искуство кое не може да се опише со зборови. Сепак, додека некои сакаат секс во овој дел од станот или куќата, други велат дека тоа може да биде проблематично искуство.

Дали некогаш сте имале секс во кујна?

Решивме да ги наброиме лошите и добрите страни на кујнскиот секс, па еве ги:

Добри страни

Во долготрајните врски и бракови често се случува заситеност и досада, па паровите имаат проблеми да го решат. Сексот во кујната е добар бидејќи овозможува ново искуство во кое можете да уживате. Ако имате секс во кујна, ќе ви биде како на филм и дефинитивно ќе го зачините вашиот љубовен живот.

Многу добри се и позите кои можете да ги примените во кујната, бидејќи мажот најчесто стои, додека девојката седи на шанкот или на работната површина. Со себе секогаш можете да имате храна, со чија помош дополнително ќе ја разгорите атмосферата и ќе ги разбудите страстите.

Лоши страни

Кога ќе погледнете малку подобро, ќе видите дека кујната е најопасниот дел од вашиот стан или куќа. Остри предмети, ножеви, струја и вода. Сето ова може да биде опасно по живот. Ако вашата кујна е мала, постои можност за повреда бидејќи некој може да ја удри главата во остар раб или во работен елемент. Доколку имате лизгави плочки, постои и голема можност за повреда бидејќи некој лесно може да се лизне.

Затоа, доколку сакате лудо да се забавувате во кујната, тогаш посветете големо внимание на околината и отстранете ги сите предмети кои можат да ви го загрозат животот.