Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Секси долна облека, играчки, нови пози… има тони начини да го разгорите вашиот сексуален живот, а сега можете да додадете пиво на таа листа.
Во својата нова книга сексологот Кет Ван Кирк истакнува дека пивото може многу да им помогне на луѓето во спалната соба. На пример, може да им помогне на мажите да издржат подолго во сексуалните односи. Некои истражувања покажаа дека умереното количество пиво влијае на фитоестрогенот или естрогенот, кој природно се наоѓа во хмељот и може да помогне во одложување на ејакулацијата.
Погледнете неколку начини како да го подобрите вашиот сексуален живот со пиво:
Комбинирајте пиво со храна – тоа е веќе природен афродизијак.
Лутите пиперки можат да го зголемат протокот на крв во пенисот, вели Ван Кирк, додека дршките се богати со цинк и амино киселини. Пробајте ги дршките, а потоа преминете на некое зачинето главно јадење и секако измијте го сето тоа со ладно пиво.
Пивото не е само за него
Пивото не им помага само на мажите, туку и на жените. Фитоестрогените кои се наоѓаат во пивото (Хмељ) ќе помогнат да се зголеми либидото на жената и да се балансираат хормоните.
Темно пиво
Ако вашиот маж ужива во темно пиво, тогаш имате среќа. Ван Кирк тврди дека содржината на железо во темното пиво овозможува посилна ерекција. „Зголеменото ниво на железо го зголемува нивото на протокот на крв во пенисот, тој станува поцврст, подготвен за акција и ерекција.
Не претерувајте со пивото
Запомнете дека умереноста е клучот за сè. Премногу пиво може да создаде промени во хормоните кои негативно влијаат на сексуалната желба и способност на мажот, вели Ван Кирк. Вистинската количина на пиво што може да го подобри сексот варира од личност до личност, но студиите покажуваат дека едно до три шишиња пиво дневно може да направи голема разлика.