9 намирници за зајакнување на имунитетот

9 намирници за зајакнување на имунитетот

Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Правиме големи чекори кон сезоната на настинки и грип, затоа подгответе се на време и зајакнете го вашиот имунитет. Ви претставуваме 9 намирници за зајакнување на имунитетот.

9 намирници за зајакнување на имунитетот: Јадете ги најмалку 3 пати неделно

1. Лук

Лук

Знаеме дека не мириса убаво, но не можете без лук ако сакате да го зајакнете имунитетот. За зајакнување на имунолошкиот систем, јадете свеж лук. Можете да го испасирате и да го додадете во јогурт, сосови или да го намачкате на тост со путер. Но, ако не сте љубител на лук, додајте го во супа или кое било друго јадење за време на процесот на готвење – дел од аромата ќе исчезне, но придобивките ќе останат.

2. Риба

Риба

Се наоѓа на високо второ место бидејќи содржи омега-3 масни киселини, кои се неопходни за зајакнување на имунитетот. Јадете масна риба како туна, скуша или лосос што е можно почесто. Освен тоа, нашето тело не е во состојба да произведе цинк, кој исто така е неопходен за силен имунитет, па затоа треба да јадеме храна која го содржи овој елемент во изобилство, вклучувајќи ја и рибата.

3. Чоколадо

чоколадо

Излегува дека вистинското темно чоколадо со висок процент на содржина на какао ја зајакнува одбраната на телото и му помага да се спротивстави на вирусите. Доволно е да јадете неколку коцки темно чоколадо дневно (минимум 70% какао) и да го зајакнете имунитетот.

4. Печурки

Печурки

Ако сте настинати, јадете печурки. Со цел телото успешно да се бори против инфекцијата, треба да јадете храна која помага да се зајакнат заштитните својства на леукоцитите. Ако сакате силен имунитет, јадете почесто печурки.

5. Ѓумбир

Ѓумбир

Фармаколошките својства на ѓумбирот се слични на лукот, но неговиот мирис е многу попријатен. Ѓумбирот може да се користи како зачин за разни јадења – се додава во супи или каши, јадења со месо, смути, сокови… За силен имунитет јадете ѓумбир секој ден. Доволно е дури и во минимални количини.

6. Лимон

Лимон

Плодовите од лимон имаат висока концентрација на витамин Ц, кој е неопходен за силен имунитет. Ако сакате да го извлечете максимумот од лимонот, секогаш користете свежо исцеден сок. Најдобро е да го започнете денот со чаша топла вода во која сте додале една лажица сок од лимон.

7. Мед

Мед

Медот е вистинско богатство. Тој е ризница на хранливи и лековити состојки и помага за зајакнување на имунитетот. Доволно е да се јаде една лажичка мед на ден.

8. Кефир

Кефир

Ако сакате да имате силен имунитет, пијте кефир секој ден. Овој пијалок ја зајакнува црвната микрофлора, а познато е дека здравите црева се важен дел од имунолошкиот систем.

9. Тиква

Тиква

Тиквата содржи бета-каротен, кој исто така ја зајакнува одбраната на организмот и е неопходен за силен имунитет. Ако не сакате тиква, јадете друг портокалов зеленчук (и овошје), како што се моркови.