Мажите не можат да одолеат кога ќе видат жена…

Мажите не можат да одолеат кога ќе видат жена…

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Одамна е познато дека изгледот на жената, почнувајќи од нејзината фигура до начинот на облекување, влијае на однесувањето на мажот кон понежниот пол, а неодамна француските научници открија дека мажите побрзо ќе обрнат внимание на жената и побрзо ќе и помогнат ако таа носи штикли отколку ако носи рамни чевли…

Француски универзитет спроведе истражување за тоа како висината на женската петица влијае на однесувањето на припадниците на спротивниот пол. Истражувањето е поделено на четири експерименти. Последниот во низата експерименти беше спроведен во бар каде што беше следено однесувањето на 36 млади мажи кон жените со високи потпетици и оние кои носат рамни чевли.

Резултатите од истражувањето од првите три експерименти покажаа дека мажите се поподготвени да и помогнат на жената кога таа носи високи потпетици отколку кога таа носи рамни чевли, а четвртиот исто така покажа дека мажите во кафеана се поволни и побрзи да пристапат кон жена во високи потпетици.

Научниците веруваат дека мажите ги поврзуваат жените во високи потпетици со испраќање одредена сексуална порака, веројатно затоа што таква порака им испраќаат атрактивни женски модели во чевли со високи потпетици кои редовно ги гледаат во медиумите.
Мажите генерално го преценуваат сексуалниот интерес на жената, особено проучувајќи го нејзиниот стил на облекување и доаѓаат до погрешен заклучок. Жената во високи потпетици се доживува како жена која испраќа порака за сексуален интерес, што не мора да има никаква врска со нејзините чевли. Ваквото погрешно толкување објаснува зошто мажите биле подготвени да прифатат учество во анкетата, спонтано да им помогнат или да им пријдат во кафеана.

Друго објаснување е дека начинот на кој жената оди во потпетици, кој несомнено се разликува од оној во рамните чевли, ја зголемува нејзината привлечност за машкиот пол, но тоа се хипотетички претпоставки и потребни се дополнителни истражувања. Резултатите се објавени во списанието „Archives of Sexual Behavior“.

А кога станува збор за штиклите, не е на одмет да ги спомнуваме во малку поинаков контекст. Минатата година, со помош на најновиот 3Д скенер, британските лекари открија бројни оштетувања и деформации на коските на стапалата, зглобовите и мускулите кај бројни женски пациенти. На жените им останува да одлучат дали повеќе го сакаат вниманието на мажите на улица или на ортопедот во канцеларија.