Секси игри кои ќе го освежат вашиот сексуален живот

Секси игри кои ќе го освежат вашиот сексуален живот

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Сексуалните игри секогаш се добродојдени, особено кога ќе осетите дека си посветувате сè помалку време еден на друг, дека се будите и заспивате помалку заедно, прегрнати…

Тие не го освежуваат само вашиот сексуален живот, туку и целоснata врска. Не е потребно нешто особено, само многу љубов, малку допири и многу заведување. Ќе видите, сексуалните игри ќе ви се допаднат и ќе посакате понатаму често да ги применувате.

Сексуалните игрици што ние ви ги предлагаме како начин да “залудувате во креветот” се само некои од варијантите. Но, тие можат само да ви дадат идеја за подоцнежниот развој на вашата креативност.

Дајте сè од себе!

Не е важно дали сте маж или жена, танцувањето секако ќе му се допадне на вашиот партнер. Изненадете го со романтична атмосфера, свеќи, црна сатенска постелнина, секси долна облека. Дочекајте го по напорен работен ден со пријатена вечера, релаксирачка музика со заводлив ритам. Не е потребно да танцувате како професионалец за да ја заведете вашата половина. Само следете ја музиката, нека ве носи и проценете која брзина би била најдобра да се слечете парче по парче од облеката.

Покрај се, сценариото можете да го дополните со држачи за раце. Вие танцувате, а вашиот партнер гори од желба да ве допре. Со обзир на тоа дека знае дека ја владеете ситуацијата, тоа ќе го возбуди уште повеќе.

Готвење со љубов

Кујната е мало царство на хранливи уживања, но можете да ја претворите и во нешто повеќе од тоа. Не сте ли размислувале како би било да готвите само за него денес во нешто секси? Или, уште подобро, без него, само со престилка кој повеќе открива отколку покрива? Се разбира, внимавајте да биде некое јадење кое брзо и лесно се подготвува. Веќе иако немате време да го јадете.

Game over

Тој обожава да игра игри? Иако до сега секогаш се нервирате што поминува премногу време играјќи, време е да му се придружите. Сепак, треба да се договорите со што ќе “платите” за вашето загубување. Што мислите за тоа? Секогаш кога некој од вас губи, треба да собере парче облека. Ова сигурно нема да ви биде тешко, а одложувањето на “главното јадење” само ќе ја распали страста.

Потполно непознати

Францускиот писател Ежен Жонеско објасни како пишувајќи дел од своето дело “Големите пеачи” бил инспириран од ситуацијата која ја доживеал со својата сопруга. Најавата во превозот не им дозволила да стигнат до крајната станица едно до друго. Кога се сретнаа, започнаа да разговараат како да се гледаат прв пат.

Не знаеме како тоа влијаело на него, но сме скоро сигурни дека кај вас би можело да успее. Глумете дека не се знаете, како да флертувате првпат, како непослушница/непослушник која со него/неа сака само една бурна ноќ.

Ако сте ги пробале овие сексуални игрици, јасно ви е колку добри се за вашиот сексуален живот. А ако сѐ уште не сте, стварно не разбираме зошто чекате?