Зошто треба да правите 10.000 чекори секој ден

Еве зошто треба да правите 10.000 чекори секој ден

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Не е потребно да трчите секој ден, доволно е само да шетате…

Сите кои користат спортски апликации на своите телефони сигурно го познаваат познатиот предизвик од 10.000 чекори. Според истражувањата, тоа е најдобриот начин да се симнат килограми и да се направи здраво тело, без голем напор и тренинг.

Истражувањата покажуваат дека оние кои шетаат и кои одат пешки неколку часа имаат подобро работење на срцето и намалуваат ризик од срцеви напади. Исто така, оние кои секој ден прават 10.000 чекори имаат побрз метаболизам, се подвижни, немаат болки во мускулите и имаат помалку килограми.

Дали само дебели треба да направат 10 000 чекори?

Затоа се препорачува да направите толку чекори секој ден. Дури и ако сте слаби и немате проблеми со килограми, редовна физичка активност е клучна за здрав организам.

Оние кои се дебели и кои имаат проблем со килограми треба да се потрудат да направат дополнителни 5000 чекори. На тој начин додатно ќе изгорат калории и ќе успеат да го доведат својот тежински статус во ред.

Ако немате време за шетање поради обврските или нешто друго, ви препорачуваме да шетате половина час пред работа, половина час по и половина час пред спиење. На овој начин ќе му помогнете на вашиот организам да се опорави и оздрави.