Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Фокус“ објави нови фотографии од лицето кое вчера попладне со неколку истрели ги рани Раде Трајковски – Штекли и неговиот соработник со прекар Колумбо во трговскиот центар „Ист гејт“.
Според фотографиите до кои дојдовме, лицето опуштено седи во обложувалница во трговскиот центар и воопшто не се крие.
Непосредно по пукањето на социјалните мрежи излезе снимка од безбедносните камери каде се гледа моментот на нападот. Штекли и Колумбо се спуштаат по елеваторот надолу кон гаражите, а лицето што стрела кон нив одозгора.
Во моментот на пукањето трговскиот центар бил полн со случајни посетители кои лесно можеа да станат мета на напаѓачот со оглед на тоашто имаше луѓе и на неколку метри од ранетите.
МВР работи на идентификување на лицето и негова пронаоѓање. Двајцата ранети, со прострелни рани се префрлени во болница каде се оперирани и според информациите од болниците двајцата се наоѓаат во живототзагрозувачка состојба, но се стабилни.