Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Со објавувањето на 14-та генерација на процесорот „Intel Raptor Lake Refresh“, подобрен е потенцијалот за „оверклокување“ и зајакнување на работниот такт на процесорот, како и „DDR5“ меморијата.
Ова го докажа тим експерти за оверклокување, наречен „Team AU Overclocking“, за време на неодамнешниот глобален турнир „IEM Sydney Counter-Strike 2“.
Оверклокерите успеаја да постигнат нов светски рекорд за фреквенцијата на „DDR5“ меморијата, која сега е 5809,2 MHz, во живо на сцената.
Машината што го постави новиот рекорд за оверклокување имаше нов процесор „Intel Core i9 14900K“, матична плоча „GIGABYTE Z790 AORUS Tachyon X“ и „GIGABYTE DDR5-8333 16GB“ меморија.
Најдобро од сè, рекордот „DDR5-11618“ од „5809,2 MHz“ е потврден и објавен на листата „HWBOT“, каде што моментално го држи светскиот рекорд.