Полициските служби трагаат по типот кој облечен во бел дуксер и капче пукаше во две лица во „Ист Гејт Мол“ во Скопје (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


МВР трага по лицето, осомничено дека попладнето во текот на вчерашниот ден во близина на гаражните простории на „Ист Гејт мол“ со огнено оружје рани две лица и побегна.

Пукано било во Раде Трајковски Штекли и негов пријател, кои во моментот на инцидентот се враќале од теретана.

Повредените при пукањето во „Ист гејт мол“ во релативно стабилна состојба.

Двајцата повредени при вчерашното пукање во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“, се релативно стабилни, но нивната состојба се следи будно. Информацијата за МИА ја потврдија директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, Љубен Арсенков и директорот на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, Неџати Јакупи.

Арсенков во изјава за МИА рече дека едниот пациент е во релативно стабилна состојба, сѐ уште е на апарати, утре ќе следува нова интервенција, поради карактерот на повредите, примарни настанати, мора да се направи уште една операција.

– Меѓутоа, уште е во животозагрозувачка состојба, додаде Арсенков.

Јакупи информира дека другото повредено лице е во стабилна состојба, на спонтатно дишење е, има стабилни витални параметри.

– Очекуваме така да продолжи. Се следи неговата состојба, нагласи Јакупи.

Две лица беа повредени, откако врз нив се пукало вчера попладне во скопскиот трговски центар „Ист гејт мол“.

Министерството за внатрешни работи објави фотографија од лицето кое со огнено оружје пукало кон двете лица во „Ист гејт мол“. Ги повикува сите граѓани доколку го забележат или имаат какви било сознанија за него или корисна информација што може да помогне во истрагата, веднаш да известат во најблиската полициска станица или да пријават на телефонските броеви 192 или 112.

Видео: А1Он