Израелската војска е спремна за копнен напад на Газа, Хамас ослободува заложници


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Израерлската армија е подготвена за копнен напад на Газа и се прават последните подготовки пред да почне копнената офанзива. Генералштабот на Изралските вооружени сили тврди дека војската е подготвена и одлучна да ги елиминира сите членови на Хамас и дека само се чека одобрување на нападот.

Во меѓувреме, воздухопловните сили повторно бомбардирала стотици цели во Појасот. Преку 100 лица загинаа, меѓу кои имало и неколку команданти на исламистичкиот Хамас. Во поеследната серија напади, уништени биле и тунели, кои борците на Хамас ги користеле за транспорт на оружје.

„Сакаме да го сведеме Хамас до степен на исчезнување. Нивните водачи, нивното воено крило. Затоа напаѓаме со сета наша сила.“ – изјави Херзи Халеви началникот на генералштабот на израелската армија.

Од израелската влада велат дека иако Хамас ослободи уште двајца заложници, нема да има одлуожување на копненетаа офанзива во Појасот. Според израелските медиуми, Хамас се обиделе да постигнатб договор за ослободување на заложниците во замена војската да не влегува во газа и да не ја уништува инфраструктурата. Со посредствои на Египет и Катар, Хамас вчера ослободи две жителчки на Израел но во рацете на Хамас се уште остануваат околу 200-те заложници кои Израел бара да се ослободат.

„Поминав низ пеколот. Откако не грабнаа не однесоа во подземент тунелски систем кој личеше на пајажина..Таму не пречекаа луѓе кои ни кажаа дека веруваат во Куранот и ветија дека нема да ни наштетат. Беа многу коректни кон нас. Се грижеа за хигиената и ја делеа храната. Реакцијата на Шин Бет и армијата многу нè разочара. Тие нè предупредија три недели претходно, запалија ниви, испраќаа огнени балони но никој не го сфати тоа сериозно.“ – изјави Јошевед Лифшиц.

Состојбата во газа од ден во ден е се полоша. Хуманитарните организации стравуваат дека поради недостаток на храна, луѓето ќе почнат да се напаѓаат меѓу себе. Медицинските тимови пак предупредуваат, не можеме на сите да им помогнеме и мораме да одбереме кој ќе преживее.

„Секој ден се пријавуваат се потешки случаи. За жал, најгоилем дел од повредените, се жени и деца. Повеќето од повредените кои ги носат тука се во многу лоша состојба и се пред смрт. Дојдовме до точката кога мора да одбереме кој ќе живее, а кој не.“ – изјави д-р Нур ел Дин, од медицинскиот центар Кан Јунис.

А поранешниот американски претседател Барак Обама, предупредува дека прекинот на снабдувањето со храна и вода за Појасот Газа, само ќе ја влоши систојбата на долг рок и ќе ја ослабне меѓународната поддршка за Израел. По нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври кога загинаа повеќе од 1.400 лица, израелската армија секојдневно врши воздушни напади во појасот. Според палестинските преставници, досерга се убиени над 5.000 Палестинци.

Извор: 24.mk