Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го назначи поранешниот фудбалер Андриј Шевченко за свој советник.
Оваа вест е објавена на сајтот на претседателот на државата, а за неа пишуваат и украинските медиуми.
Во објавениот декрет не беше прецизирано каква ќе биде функцијата на легендарниот фудбалер.
Шевченко во текот на кариерата играше за Динамо Киев, Милан и за Челзи, а во 2004 година ја освои Златната топка.
Тој беше селектор на Украина од 2016 до 2021 година.