За оваа работа тврди дека зема 130.000 долари дневница (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Станува збор за промена на сијалица на ултра висока кула. Светилката се менува само два пати годишно, а тој што ќе ја заврши работата за два дена, заработува вкупно 260.000 долари. Така барем тврди типот од видеото подолу.

Видеото е снимено од работник кој ја врши работата стана вирално на TikTok. „Само малкумина се осмелуваат да ја работат оваа работа. Ова е една од најопасните и најплатените работи на светот. Ова е посебна работа која вклучува работа на голема висина, т.е. менување сијалица на 600 метри висока кула. ​​Висината е еквивалентна на зграда од 200 ката“, вели тој во видеото.

@science8888 Change a lightbulb can earn $130000 #usa #tiktok #scienceexperiments #jobtips ♬ Aesthetic – Tollan Kim

Кулата е изградена од метал, но колку е поголема висината, кулата е потесна. Нема заштитни мерки, а работниците се потпираат на јаже врзано за нивното тело. „Ова не е само тест за вештините на работникот, туку и за неговата ментална и физичка издржливост“, се вели во видеото.

На работникот му требаат четири часа за да се искачи на врвот на кулата и потоа да ја смени сијалицата што е поставена на многу тенок столб. Доколку дува силен ветер, постои можност столбот да почне да се ниша. „Најголемата брзина на ветерот на врвот на кулата е речиси 100 километри на час. Ако не се фатите цврсто за столбот, едноставно ќе паднете“, се објаснува во видеото.

Но и симнувањето од кулата не е лесно – работникот мора да оди по истиот пат како што се качил.

Првиот услов е очигледен – човек не смее да се плаши од височини. Исто така, мора да се биде физички силни бидејќи треба да се искачува на врвот четири часа, а потоа да се спушта.