Четири тона апчиња и гел за потенција вредни 41,7 милиони денари запленети во Македонија во акција против недозволена трговија со лекови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Царинските инспектори од Секторот за контрола и истраги во Македонија спречија нелегална трговија на четири тона апчиња и гел за орална употреба за потенција во вредност од 41,7 милиони денари ризични по здравјето на граѓаните при детален преглед на стоката.

Инспекцијата утврди дека фирмата која ja внела стоката во државата нема важечко решение за вршење промет на големо со лекови и медицински средства соопштија од Царниската управа.

– Воедно стоката е лек кој не е регистриран во Регистарот на лекови што го води Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија и е различно декларирана. Поради постоење сомневање дека пријавениот сторил кривично дело за нелегална трговија, што е казниво по член 277 од Кривичниот законик, стоката е запленета, а против правното лице ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до Основно јавно обвинителство Скопје.

Запленети се 48 илјади кутии Орал Џели односно 100 мл гел за орална употреба Камагра, 10.530 ленти со 100 мг таблети Камагра и 7.000 кутии со 100 мг и 150 мг таблети Ценфорце.