Егзодусот наречен „Burning Man 2023“ (снимка)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Организаторите на култниот музички фестивал „Burning Man“ конечно дозволија десетици илјади луѓе да го напуштат местото на одржување на настанот во пустината во Невада, откако условите за дожд се намалија.

Повеќе од 70.000 посетители на фестивалот беа заробени во калливи услови откако областа беше погодена од дождови кои не се забележани со децении. Според последните информации, откако некои посетители пеш го напуштиле фестивалскиот простор, над 64.000 луѓе останале блокирани.

Организаторите, исто така, објавија дека смртта на еден посетител на фестивалот која се случи во петокот не е поврзана со временските услови. Во реонот до вчера во 20 часот важеше забрана за возење, која беше укината, а надлежните им наложија на посетителите да почекаат малку да се подобрат условите на патот.